До недела ќе се задржи стабилно време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне по одделни котлини низ државата ќе биде со појава на магла и ниска облачност. Преку денот умерено облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималните температури низ Македонија денеска се очекува да бидат во интервал од 10 до 15 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 14 степени целзиусови.

 

Loading...

 

До недела ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата.

Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд, стои во соопштението на УХМР.

 

Никола Ивановски