До крајот на месецот истекува рокот за исплата на К-15

Сподели со своите пријатели

До крајот на годината, над 100 илјади работници треба да добијат по 8.900 денари, регрес за годишен одмор, односно К-15.

Приватниот сектор е обврзан еднаш годишно на вработените да им исплати најмалку 40% од просечната плата во Република Македонија, во спротивно законот предвидува глоба од 4.000 евра.

Фирмите имаат право да побараат дозвола од своите вработени доколку сакаат да исплатат понизок износ од предвидените 8.900 денари, но притоа треба да исполнуваат низа услови, меѓу кои главно фирмата да има финансиски потешкотии во своето работење.

Првиот човек на Синдикатот очекува ваквата обврска да ја исполнат над 70.000 компании.

Очекувам 80 до 90%  од приватните  субјекти , кои се некаде околу 70,000, да им исплатат К15 на своите вработени. До сеаг само еден медиум и 2 фабрики од текстилната индустрија побараа  поради финаниски проблеми да им се намали висината за исплата на регрес за годишен одмор, зојави Живко Митревски, престедател  на ССМ.

Сите они работеници кои ќе бидат оштетени и нема да им биде исплатен К-15 можат да побараат интервенција од Државниот инспекторат за труд или да покренат судска постапка против својот работодавач.

 

Loading...