До која возраст треба да им се забрани користење мобилен на децата? Еве што вели Бил Гејтс!

Сподели со своите пријатели

Бил Гејтс во интервју за Мирор изјави дека верува дека најдобрата возраст на која децата би можеле да бидат подготвени да поседуваат мобилен телефон е 14 години.

Loading...

Тој потврдил и дека им дозволувал на своите деца да ги користат мобилните телефони до одредено време од денот, по што ги укинувал, сметајќи дека тоа ќе им помогне да заспијат во разумно време навечер.

 

 

Тој исто така смета дека мобилните телефони не треба да се оставаат на маса, но дека може да се користат за домашна работа или учење.

Според извештајот од 2016 година „Деца и технологија: еволуцијата на денешните дигитални домородци“, просечната возраст на која детето го добива својот прв паметен телефон е околу 10,3 години.

„Мислам дека таа возраст ќе се префрли на порано, бидејќи родителите се уморни да им ги даваат своите паметни телефони на своите деца“, изјави Стејси Деброф, извршен директор на Influence Central, за New York Times.

Loading...

Џејмс Стејер, извршен директор на Common Sense Media, непрофитна организација која рецензира содржини и производи за семејствата, за Тајмс рекол дека тој има едно строго правило за своите деца кога се во прашање мобилните телефони: тие можат да го добијат кога ќе тргнат во средно училиште и тоа дури кога ќе докажат дека можат да се контролираат.

 

 

– Не постојат две исти деца и не постои магичен број“, рекол тој.

Детската возраст не е толку важна како неговата или нејзината одговорност или ниво на зрелост.

Еве неколку прашања што родителите треба да ги одговорат пред да му го дадат на своето дете првиот телефонски повик:

Колку се независни вашите деца?

Loading...

Дали вашите деца треба да имаат мобилен телефон за да одржуваат контакт од безбедносни причини или овие причини се само социјални по природа?

Колку се одговорни вашите деца?

Може ли да се справам со ограничувањата како што се минути за повици или преземени апликации?

 

 

Дали може да им се верува дека нема да испраќаат пораки за време на часовите, да не се мешаат со другите во нивните разговори и да ги користат функциите на пораки, фотографии и видеа одговорно (и да не ги засрамуваат или вознемируваат другите)?

Дали навистина им треба паметен телефон што е и нивен музички уред, пренослив плеер за филмови и игри и средство за пристап до Интернет?

Loading...

Дали сте подготвени за дополнителните трошоци вклучени во овој чекор?