Почнаа подготовките за асфалтирање на пристапниот пат до Студена Вода во близина на кумановско Доброшане каде општината со сопствени и средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството гради излетничко место, соопштија од одделението за комунални дејности.
За уредувањето на излетничкото место, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој одвои 8. 168. 000, а општина Куманово 3.160.000 денари.
Ова место кое често го посетуваат спортистите и рекреативците наскоро ќе биде опремено со соодветна опрема која одговара за излетнички места.
Локалитетот партерно ќе биде уреден, со места за одмор, предвидено е да има детски катчиња, осветлување и стражарска служба.
Местото кое се наоѓа на пет километри од центарот на Куманово ќе има и соодветна урбана опрема, корпи за отпадоци, клупи, реквизити за спорт и рекреација, хортикултурно ќе биде уреден. Воедно, ќе биде реконструирана и чешмата, ќе има паркинг места за посетителите.
Секторите за урбанизам, за локален економски развој и комунална инфраструктура, предминатата година подготвија апликација до Министерството за земјоделството, односно до Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој за мерката која се однесува на зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини, односно за уредување на излетнички места во рурални средини.
МИА