До 15ти мај ќе функционираат локалните самоуправи, што потоа?

Сподели со своите пријатели

На крајот на месецов истекува мандатот на членовите на Советот на Општина Куманово, како и мандатот на градоначалникот Зоран Дамјановски, точно на 30ти април кога и пред четири години им е верификуван мандтот.

Според толкувањето на Министерството за правда, како второпстен орган во одлучувањето, советниците ќе можат своите активности да ги извршуваат до 15ти мај, односно до тогаш ќе траат нивните надлежности утврдени со закон. Ова денеска го соопшти и претседателот на Советот на Општина Куманово, Александар Арсиќ.

Се јавува втора проблематика што после 15-ти мај односно на иницијатива на Министерството за локална самоуправ а е формирано едно координативно тело кое е формирано од министерот за правда, заменикот, министерот за локална самоуправа, претседателот на ЗЕЛС, потпретседалот секреатарот на секретаријатот за законодавство кои поднесоа свое видување што треба да се направи и нивното видување е следново дека мандатот на Советите и градоначалниците треба да трае до оној момент до избор на следните градоначалници и совети за да има свој контитуитет и граѓаните да ги оставуваат своите права, меѓутоа тука се јавува една правна дилема бидејќи само Собранието може да го промени законот, односно да донесе нов закон каде што ова би се случувало меѓутоа овде имаме проблем во формирањето на Собранието и сега оваа иницијатива која е од законот 35 и 49 од законот за локална самоуправа е дадена како иницијатива до Уставниот суд со што во понатамошниот период ќе очекуваме одредени сугестии препораки на кои советот ќе се придржува и ќе работи во согласност со истите – изјави Арсиќ.

Како што истакна Арсиќ ваква иницијатива постои и од останатите општини во државата и сите апелираат што побрзо да може согласно законот да се овозможи работата на локалните самоуправи.