Подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство Куманово ги потсетува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување барање за субвенции за 2018-та година ќе трае до 15-ти мај годинава.
Во овој период, информираше раководителот на подрачната единица, Насер Даути се поднесува барање за директни плаќања за растително производство, за полјоделство и градинарски култури, лозови и овошни насади и за сточарско производство, одгелдување говеда, кози, овци, свињи, живина и за заклани животни во кланица.
„Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите, но доколку барателите имаат потреба од помош прикреирање на елекстронското барање можат да се обратат до подрачната единица на МЗШВ“ –изјави Даути. Барањата за растителното производство се поднесува врз основа на доставени податоци до единствениот регистар на земјоделски стопанства и системот за идентификација на земјишни парцели со состојба до 15 март 2018.
Барањата за мерките од сточарство пак се поднесуваат врз основа на евридентираните податоци за животни во Регистарот на идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување. Сточарите, појаснува Даути, ќе треба да ги проверат податоците во ветеринарните друштва со кои имаат склучено договори. На ниво на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане во единствениот регистар на земјоделски стопанства евидентирани се околу 7.000 земјоделци.
Во моментов, потсетија од подрачната единица тече рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2017 година. Рокот за пријавување трае до 16 мај годинава. Висината на поддршката е 4 денари за овчо и козјо млеко и 3,5 денари за литар кравјо млеко.