Во градот Горловка, во украинско гранатирање, беше погодена училишна зграда во која загинаа двајца наставници, еден цивил е ранет во градот Доњецк, додека 33 напади на 10 населени места се регистрирани во Луганск, соопштија денеска самопрогласените републики во источна Украина.
Училиште беше погодено, а двајца наставници загинаа во напад на украинските сили врз градот Горловка во Доњецката Народна Република (ДНР), изјави шефот на локалната власт Игор Прихотко, пренесува РИА Новости.
Во соопштението на Народната милиција на ДНР се прецизира дека едно лице е рането во гранатирањето во киевската област Доњецк и дека е пренесено во болница во тешка состојба, пренесува ТАСС.
За нападите на украинската армија врз овој регион денеска известуваат и властите на Луганската Народна Република.
„Вооружените сили на Украина извршија 33 гранатирачки напади врз 10 населени места во Народната Луганска Република (ЛПР) во изминатите 24 часа“, соопшти денеска мисијата на ЛНР во Заедничкиот центар за контрола и координација (ЗЦКК), пренесе ТАСС.