Дневно до 100 загинати и 500 ранети војници во Украина

Сподели со своите пријатели

Во војната со Русија, Украина има и до 100 загинати војници и до 500 ранети секој ден, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Loading...

Тој на Фејсбук напиша дека ситуацијата на фронтот е тешка, дека Русија трпи огромни загуби, но дека напредува на некои делови од фронтот, пренесува Интерфакс Украина.

Резников смета дека најважното достигнување од почетокот на конфликтот е зачувување на синергијата на целото воено-политичко раководство на Украина.

„Главната цел е да се победи Русија, колку и да беше тешко“, рече Резников.