Дневните температури во благо опаѓање

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 29 до 36 степени.

Продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Наутро ќе биде по малку свежо, а дневната температура ќе биде во благо опаѓање.

До недела ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер, а потоа ветерот ќе е променлив.

Leave a Reply