Од полноќ следува нова корекција на цените на горивата, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 2 денари по литар и од утре ќе се продава по цена од 70 денари.
Во исто време, цените на бензините ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 остануваат непроменети – со малопродажни цени од 73,5 денари и 75,5 денари по литар.
Без промена останува и екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по 67,5 денари, како и мазутот, чија цена и понатаму изнесува 36,1 денари.

