Судењето за случајот „Диво насеље“ треба да продолжи, односно да започне од почеток, денес во 10 часот во големата сала на Врховниот суд, каде ќе им биде судено на 37 лица.
Освен досегашните 29 на обвинителната клупа друштво ќе им прават уште осум лица, претходно обвинети во случајот „Молља“, а се товарат дека биле логистичка поддршка на терористичката групација од Куманово, што е причина за одновно судење.
Пред две недели Владата одлучи на Кривичниот суд да ја отстапи свечената сала на Врховниот суд, поради тоа што е единствена која ги исполнува како просторните, така и безбедносните услови.
Loading...