Животно што никој не го очекувал во хрватската дивина, е снимено во Туропољската луга, пренесува порталот „vgdanas.hr“.
И покрај тоа што животното личи на рис, снимената мачка е всушност повеќе егзотична. Тоа е сервал, африканска дива мачка.
Снимките прикажуваат прилично голема мачка со жолтеникаво крзно покриено со црни точки. На жиотното се забележува и белѓердан.
Новинарите на vgdanas.hr се обратиле на Ветеринарниот факултет, каде добиле неофицијално образложение за присуството на африканска мачка во Туропоље.
Експерти потврдиле дека станува збор за сервал, и рекле дека имаат сознанија дека во текот на летото, животното побегнало на својот сопственик во Словенија, каде во август било заробено и од ловци.
Сервалот може инаку да достигне висина од 60 сантиметри и тежина од 18 килограми.
Се храни главно со глодари, птици и влекачи, а бидејќи потекнува од африкански савани, малку е веројатно дека ќе ја преживее зимата во Хрватска.
Сепак, надлежните служби се известени, па се очекува сервалот да се згрижи навреме.