Парохијаните на една црква во Полска биле животно загрозени изминатиот викенд, кога див вепар влетал во црквата за време на молитва и рушел се што му стоело на патот.
Свињата влегла на неделната миса во црква во полскиот град Руда Сласка, откако ги искршила стаклените врата на влезот. Инцидентот се случил неколку минути од почетокот на мисата, а вепарот предизвикал паника кај присутните.
Рибари уловија двоглава морска свиња, суштество кое се среќава еднаш во милијарда години (фото)
– За среќа, бргу успеавме да го исплашиме вепарот и никој не е повреден, рекол полицаецот и додал дека животното искршило две вазни и ја искинало иконата на Исус Христос.
Според известувањата на локалните медиуми, животното веројатно влегло во црквата во потрага по храна. Локалните власи ветиле дека ќе се соочат со овој пробле, бидејќи животните се почесто влегуваат во градовите во потрага по храна.
Постои и сирење од свинско млеко – 2.300 долари по килограм (видео)

