Концептот едно општество за сите е реална основа на кој ќе се темели и издигне македонското општество на повисоко ниво, промовирајќи толеранција, еднакви можности, правда и правичност, создавање на општествена кохезија, истакнаа говорниците на денешната шеста јавна дискусија за нацрт стратегијата за развој на концептот за едно општество во Куманово.
Куманово ја отлискува државава во мало според составот, според етничка, верската, разноликост и може да се земе како пример кој успешно ја прикажува различноста како свое богаство, рече градоначалникот Максим Димитриевски и потенцираше дека изградбата на ова општество, во минатото се покажала како предизивик за општината, чии што граѓани сепак, со взмаено почитување и комуникација успеале да ги надминат проблемите, што се покажа и во 2001 и 2015 година.
-Ќе изградиме мултиетничка градинка со поголем капацитет, со цел да израснеме современа генерација која нема да биде оптеретена од стеротипи, но за овој реален проект е потребна помош од Владата-рече Димитриевски.

На јавната дискусија говореа и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, заменик министерот за образование Петар Атанасов и претставничката на граѓанскиот сектор Мерсиха Самиловиќ.
Министерката Апостолска рече дека градењето на ваква стратегија е здраво за развој и напредокот на општетсвото. Стратегијата се темели на еднаковст и недискриминација, им дава приоритет на човековите права, владеење на правото, меѓусебната почит, родовата еднаквост.
-Очекуваме и нема да дозволиме на политичката сцена да се враќаат сите поделби, да се изразам симболички да нема подлеба на „наши“ и „ваши“. Целта на овој интеркултурализам е да се овозможи интензивирање на прогресовно граѓанско општество-рече Апостолска, која рече дека очекува и граѓанскиот сектор да придонесе со свои ставови да се оформи оваа стратегија која ќе треба да помине и на Собрание.

Меѓу важните компоненти, рече министерката е економскиот развој кој за да биде целосен треба да опфати и еднаквост и можност за развој на потенцијалот кој го имаат жените во бизнисот и додаде дека Владата во повеќе сегменти во различни програми,руралниот развој, во плановите за економскиот раст, нуди можности за жените кои треба да се охрабрат и да станат претпримачи, да станат сопственици на компании.
-Во мерките кои се однесуваат на руралниот развој има предвидено во програмата средства од 180.000 денари за жените во руралните средини можат да се одважат и да реализираат своја инвестиција-рече Апостолска. Вакви родови еднакви можности, смета министерката можат да помогнат во постигнувањето на целите на стратегијата и растот на економијата.
Заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов ги информираше кумановци за идејата, за почтокот за формирањето на нацрт статегијата за развој на едно општество, истакна дека демократијата може да се учи низ различни процеси и дека предизвиците се надминувале со вложена енергија, напор за да се изгради општество во кое подобро ќе живееме.
-Секоја држава мора сама да се учи и да изгради во општество во кое заедно ќе живееме , работиме, да направиме општество,општини амтосфера во која оваа демократија ќе ја поткрепиме. Тргнавме од едно општество, па сфативме дека во овој круг ги имаме граѓаните, заедниците, културите, општествената кохезија и стигнавме до работна верзија која ни дава правец -рече Атанасов.

Тој истакна дека целта е да се направи заедница за рамноправни граѓани, а тоа може да се постигне преку прифаќање, признавање и почитување. На овој концпет, додаде заменик министерот ќе се работи три години.
-Како заедно да направиме простор за егзистираат повеќедименионални идентитети нема едноставни туку измешани и од секоја индивиуа зависи што ќе развива, дали може да работиме на заеднички вредносен систем, дали имаме јавна култура, дали се слушаме, дали ни е познат зборот заедништво, -рече Атанасов.
На овие задачи вели мора да одговорат сите, граѓанските организации, општините. Во кластерот на обрзованието рече зацртани се приоритети , поголема комуникација во основното и средно образование, додјавајќи дека децата не комуницираат и мора да се најде начин за поинтензивна комуникација.
-Нашите деца знаат по два странски јазиици, а не знаат ниту по една реченица на припадник на друга заедница.-рече Атанасов. Третиот приоритет е како од мултикултурна заедница да се направи интеркултурна заедница, која соработува, се разбира и работи заедно. Стратегијата ќе помогне да се учат културите на другите што егзистираат на овој простор.
Претставничката на граѓанскиот сектор, Мерсиха Смаоиловиќ рече дека невладините организации работат на оваа тема.
-Концептот доажа од секој нас поединчено и секој од нас знае како треба да живее, секој сака да ги ужива своите права. Стратегијата ќе понуди здрав столб, еднаквост -рече Смаловиќ, истакнувајќи го и сегментот на социјална еднаквост.

Стратегијата е динамичен документ кој ќе го следи развојот на општеството, а преку јавни дискусии ќе побара мислење од граѓаните.
Текст: МИА / Фото: Кумановски Муабети