Дисциплинска постапка за полицаец од Куманово, украл мобилен телефон од мигрант

Сподели со своите пријатели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против З.С., вработен во Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение за сторено крвично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, казниво по член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Тој како одговорен полициски службеник постапил спротивно на процедурите за привремено одземени предмети – телефонски апарат од мигрант што бил приведен. Издал наредба да се изготви фиктивна потврда за вратени предмети. Против него е поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Leave a Reply