Директорот на ЦИА имал таен состанок со Талибанците

Сподели со своите пријатели

Директорот на Американската централна разузнавачка агенција – ЦИА, Вилијам Барнс, одржал тајна средба со де факто водачот на талибанското движење, Абдула Гани Барадар, пишува денеска „Вашингтон пост“.

Loading...

Весникот наведува, повикувајќи се на информирани американски претставници, дека состанокот се одржал вчера во Кабул и дека тоа досега било средба на највисоко ниво на претставници на двете страни.

Изворите не сакале да бидат именувани поради чувствителноста на темата.

ЦИА одби да го коментира состанокот со Талибанците, а во текстот се наведува дека темата најверојатно бил крајниот рок за завршување на операцијата за евакуација од Кабул, која ја спроведува американската армија. Крајниот рок е 31 август.

Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден е под притисок на некои сојузници да ги задржат американските сили во Авганистан по тој датум за да помогнат во евакуацијата на десетици илјади американски и западни државјани, како и авганистанските сојузници кои се очајни откако Талибанците дојдоа на власт.

Велика Британија, Франција и другите американски сојузници рекоа дека е потребно повеќе време за евакуација на нивниот персонал, но портпаролот на Талибанците предупреди дека прекршувањето е „црвена линија“ и дека ќе има „последици“ доколку американските војници останат по 31 август.