Директорот на Ангецијата за вработување се сретна со невработените кумановци (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко поповски и менаџерскиот тим за Центарот за вработување од Куманово денеска остварија средба со невработените лица и работодавачите од општината како дел од акцијата „Се бориме за секое работно место“.

Целта на овие средби е да се создаде доверба кон Агенцијата за вработување, која инаку била нарушена. Средбата беше одржана со млади лица до 29 години, како и невработените постари оддо 50 години и работодавачите во Општина Куманово.

Во последно време се повеќе имаме и поплаки од работодавачите дека дел од нивните огласи остануваат празни и покрај неколкуте објавување и на нашиот портал преку медиумите. Ќе разговараме со работодавачите околу проблемите кои се поврзани со пазарот на трудот, какви квалификации недостасуваат, што треба да се обезбеди во наредедниот период, дали мерките што се нудат се соодветни за нивните потреби – вели Поповски.

vlatko popovski direktor na agencija za vrabotuvanje

Loading...

 

Тој додаде дека преку можностите за посредување ќе се најде соодветно работно место, но нагласи дека најмногу се бараат техничките струки.

Дел од тие луѓе поседуваат образование, но не поседуваат практични знаења, така што во наредниот период, фокусот ќе биде ставен да помогнеме на образовниот процес и оние веќе кои завршиле да дојдат до соодветни вештини – додава Поповски.

Во однос на прашањето за стечајците директорот вели дека тоа не е основ да се дискриминира едно невработено лице од страна на работодавачите.

 

DSC_0017

 

Во Куманово, според информациите од раководителот на Центарот за вработување Куманово, Милорад Тренчевски засега има 10.700 активни баратели на работа и околу 9.000 пасивни баратели, кај кои има заинтересираност за обуките организирани од Центарот, а во текот на миантата година околу 40 лица токму преку обуката за субвенционирање се вработиле.