Дипломатски конвој на САД под оган во Судан

Сподели со своите пријатели

Американски дипломатски конвој беше под оган во Судан, објави денеска државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, наведувајќи дека првичните извештаи сугерираат дека трупите поврзани со паравоените сили за брза поддршка (РСФ) реагирале.

Loading...

Во Судан беснеат вооружени судири меѓу воените единици лојални на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шеф на привремениот владејачки суверен совет на Судан, и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти, кој исто така е заменик-претседателот на советот.

Американскиот државен секретар објави дека телефонски разговарал за инцидентот што се случи во понеделникот со Бурхан и Дагал одделно и рече дека секоја закана за безбедноста на американските дипломати е неприфатлива, пренесува Ројтерс.

Блинкен, кој присуствува на состанокот на Групата седум во Јапонија, ја истакна итноста за постигнување прекин на огнот, соопшти Стејт департментот.

Повеќето дипломати од целиот свет се обидуваат да посредуваат за постигнување прекин на огнот во Судан, а Советот за безбедност треба да расправа за кризата, откако според ОН, најмалку 185 луѓе се убиени, а 1.800 се ранети од почетокот на конфликтот во саботата. Танјуг.