Диплома чекала од Втората светска војна: Пензионерка (105) магистрираше по 80 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вирџинија Џини Хислоп, 105-годишна жена, магистрирала на Факултетот за постдипломски студии на Стенфорд во Калифорнија, Америка, откако го започнала своето колеџ патување пред повеќе од 80 години.

Loading...

Џини одамна ќе магистрирала да не била Втората светска војна.

Меѓутоа, непосредно пред да го поднесе последниот магистерски труд, избувнала војна која влијаека на нејзините идни планови.

И тогаш, 80-ина години подоцна, таа сепак одлучила да ја добие заслужената диплома!

Шетајќи низ сцената на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија и добивајќи ја својата диплома на церемонијата на дипломирање, Џини конечно магистрирала и докажала дека никогаш не е доцна да го завршиш она што го започнуваш.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  El Capitan е новиот најбрз суперкомпјутер во светот

 

 

Loading...

Како што пишуваат странските медиуми, пред предавањето на магистерскиот труд, а по почетокот на Втората светска војна, нејзиниот тогашен дечко Џорџ Хислоп бил повикан да служи во војна.

Ова ја навело Џини да го напушти училиштето за да се омажи за него и да се фокусира на подигање семејство.

Додека се грижела за своето семејство од две деца, четири внуци и девет правнуци, Џини со децении служела и во училишните и колеџ одбори во Вашингтон.

Меѓутоа, 80 години подоцна, кога се создале услови, Џини конечно се вратила на училиште за да дипломира и така, шетајќи преку сцената во неделата, на 16 јуни, ја добила својата диплома за магистерскиот труд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  El Capitan е новиот најбрз суперкомпјутер во светот

Кога деканот на факултетот Даниел Шварц ѝ ја подари дипломата, Џини Хислоп се слушна како со насмевка вели:

„Боже мој, долго го чекав ова!“

 

Loading...

 

Ја заслужив мојата диплома, бев воодушевена“

Зборувајќи во интервју за „Добро утро Америка“, Џини отворено изјави дека се чувствува задоволна поради долгоочекуваниот пресврт во нејзиниот живот.

„Лажната скромност никогаш не била еден од моите проблеми. Чувствував дека заслужувам диплома и бев воодушевена што конечно ја добив“, рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  El Capitan е новиот најбрз суперкомпјутер во светот