Пополнување на дипломатската мрежа е приоритет на МНР, при тоа ќе се оди на зголемување на процентот на кариерни дипломати, рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
– Има извесен застој, пред се, врзан со локалните избори. Како МНР правиме се бидејќи дека прво наследивме една многу тешка ситуација и сакаме што побрзо да ја пополниме дипломатската мрежа бидејќи надворешна политика не се води само во главниот град, не се води само на ниво на министер и дипломати во Министерството. Апсолутно е приоритет и правиме се што можеме и да ја пополниме мрежата што побрзо, меѓутоа и да го подобриме процентот на кариерни дипломати бидејќи имавме тука една поразителна наследена ситуација, рече Димитров на заедничката прес – конференција во Скопје со неговиот црногорски колега Срѓан Дармановиќ.
Тој појасни дека во процесот на именување на амбасадори,согласно праксата, вклучени се и трети земји од кои се бараат агремани, односно согласност, така што, нагласи, именувањето ќе биде тогаш кога тој процес ќе биде во последна фаза.
Извор: МИА

