ЗНАМ расте како политичка сила, не само во Куманово, туку на територија на цела Македонија, рече денеска претседателот на партијата Максим Димитриевски.
Одговарајќи на новинарски прашњата, Димитриевски рече дека во кумановскиот огранок на ЗНАМ нема поделби и неединство, и дека партијат а„не била никогаш толку силна како што е денеска“.
– ЗНАМ е нова политчка партија која што се шири од ден на ден се доекипира со нови капацитети. Што се однесува до сите опоненти јас ја почитувам одлуката на секоја индивидуа која ќе реши да се кандидира и да влезе во процес, да се биде кандидат е поприично голема работа, бидејќи сум бил кандидат и сум учествувал на избори, сум се стекнал со довербата на државата, рече тој.
Вели дека че трча за трет мандат во Куманово, а граѓаните ги повика да судат на избори.
– Ќе трчам за трет мандат, тоа го потврдија од мојата политичка партија, а граѓаните ќе бидат ти што ќе ценат. Нема ништо вечно, или ќе го препознаат континуитетот или ќе бараат нешто ново, но како и да е она што можам да потврдам е дека во ЗНАМ нема неединство, ЗНАМ расте како политичка сила, не само во Куманово, туку на територија на цела Македонија, стекнува епитет на респектабилна политичка партија. Иако само година и половина сепак се развиваме многу сериозно, вели Димитриевски.
Запрашан дали ќе биде единствен кандидат кој ќе го поддржат и коалициските партнери од ВМРО-ДПМНЕ, Димитриевски рече дека таква одлука нема, а преговорите се во тек.
– Јас официјално сум и ќе бидам кандидат за градоначалник на Движење ЗНАМ За наша Македонија, што се однесува до поддршката од нашите коалициони партнери, тие преговори се во тек, треба да резултираат некаде до крајот на овој месец, можеби и порано, но као и да е за тоа ќе мора да се обратите кај нив за да го дадат конечниот одговор, но ЗНАМ како политичка партија е подготвена во Куманово да трча со највалитетна листа на кандидати за советници и со веќе потврден кандидат, изјави тој.
Димитриевски најави кандидати во повеќе општини, пред се во оние во кои партијата добила пголем број гласови на последниот изборен циклус.
Никола Ивановски