Димитриевски: ЗНАМ пишува историја

Сподели со своите пријатели

„ЗНАМ пишува историја“ ова е пораката што утринава ја испрати претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

Loading...

Повод за таквата порака беше честитката до новата влада, во која двајца министри се токму од редовите на партијата на кумановскиот градоначалник Димитриевски.

– На новата Влада во која Движењето ЗНАМ е со два Министри во два клучни ресори (Министерство за правда и Министерство за јавна администрација), и посакувам пред се многу работа и многу успех во работата! ЗНАМ дека ќе работиме посветено за Македонија штитејќи ги македонските интереси и #ЗНАМ дека ќе успееме бидејќи народот е со нас, порача тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

 

Никола Ивановски