Денеска имавме празничен состанок со дел од раководниот женски тим во Општина Куманово, а сите припаднички од понежниот пол во општинската
администрација ги изненадивме со подарок по повод Денот на жената – 8 Март.
Особено сум горд што женскиот тим како 44% од Општинска администрација е една од главните алки во Општина Куманово за домаќинско и успешно работење во нашата институција, 3 многу значајни сектори во Општината ги водат жени, а и претседател на Советот на Општина Куманово е жена.
Жените се значаен дел од тимот и секојдневно заеднички креираме, дебатираме и носиме локални политики кои имаат за цел да го подобрат животот на сите кумановци.
Како градоначалник ќе продолжам да се грижам подеднакво за секој еден вработен во општината, да се залагам за родова еднаквост и да создавам подобри услови и можности за работа на секоја жена, затоа што само заеднички можеме да ги менуваме работите на подобро. Честит 8 Март!