Димитриевски заклучно вчера собрал околу 6.000 потписи

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот градоначалник и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски заклучно вчера собрал скоро 6.000 потписи за поддршка на својата кандидатура за претседател.

Loading...

Димитриевски е втор по бројот на поддршката што ја добил досега од граѓаните (5.923), но му недостасуваат уште 4.077 потписи.

Досега никој од потенцијалните кандидати не ги собрал потребните 10.000 потписи, а најблизу тоа да го стори прв е кандидатот на ДУИ Бујар Османи. Тој заклучно вчера собрал 8.560 потписи.

 

 

За претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, која е трета по број на собрани потписи се потпишале вкупно 4.478 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Loading...

 

 

Следува кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, со 3.091, па кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари со вкупно 1 645.

Никола Ивановски