Димитриевски: За првпат воведовме мерка за обезбедување финансиска помош за домување на станбено необезбедени лица

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во утринското гостување на МТВ истакна дека за првпат општината почнува со обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица – корисници на гарантирана минимална помош ГМП за 2023 година.

Loading...

„За првпат воведуваме ваква мерка, а за сите социјални мерки и пакети имаме обезбедено околу 10 милиони денари буџет за 2023 година. Ова е мерка за првпат бидејќи воочивме дека имаме голем број на млади брачни парови коишто немаа свој семеен дом и имаат проблем исто така да го купат, бидејќи им недостасуваат како и на сите средства. Субвенционираме некаде, ако киријата е до 120,130 евра на месечно ниво, ние субвенционираме до две илјади денари на секое семејство коешто зема таков дом под закуп“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  5 казни при вчерашната контрола на кумановските угостители

Во емисијата, тој информираше дека се обезбедени средства за голем број на лица на коишто им се плаќаат комуналните сметки за вода до 900 денари месечно и за ѓубрарина, односно за изнесување на смет до 300 денари месечно.

„Ова е стара мерка којашто општина Куманово веќе ја практикува пет и повеќе години. Исто така, помагаме во надминување на здравствените проблеми во одредени семејства кога се работи за специфични болести, имаме одредено сметка од којашто помагаме на таквите лица кои се од социјална категорија. И имаме ставка, исплата на еднократна парична помош до 6 илјади денари по лице во семејството и тоа лице може да добие во рок од две години еднаш таква помош. Се работи за лица кои имаат навистина егзистенционални проблеми, институционални, го покажуваат тоа со документација, излегува наша комисија на лице место и доколку утврди некаде до 700 лица на годишно ниво добиваат ваква социјална помош. За првпат воведуваме категории и на семејства кои згрижуваат деца и на деца коишто немаат родители, а станале полнолетни, исто така сакаме да излеземе во пресрет и на самохраните родители“, посочи Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  5 казни при вчерашната контрола на кумановските угостители