Димитриевски: За Македонија е да биде своја на своето. Македонците да си останат Македонци и да влезат во големото европско семејство

Сподели со своите пријатели

„Македонија е основана со Манифест , а ЗНАМ се базира токму на тие основи и сметам дека по Крушево и АСНОМ треба да има изборно востание. Битно за Македонија е да биде своја на своето. Македонците да си останат Македонци и да влезат во големото европско семејство, затоа што тоа е наша стратешка определба“, рече претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски, вечерва во Топ Тема на Телма телевизија.

Loading...

Тој нагласи дека на Македонија и треба претседател пред се со интегритет, со став, со карактер и со принципи, со кои ќе ги штити националните, државните интереси и пред се граѓаните. Димитриевски нагласи дека оваа држава во своето минато ретко кога можела да забележи дека еден претседател се одважил и кажал „не“ на  политичкиот субјект што го предложил или на политичкото мнозинство. Претседателот треба да биде олицетворение на секој граѓанин.

„ЗНАМ ќе биде еден од главните фактори на следната политичка сцена, која овие ставови што јас ќе ги застапувам апсолутно нема да ги промени во ниту еден момент“, потенцира тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски однесе пакетчиња за дечињата во кумановската болница

 

 

Димитриевски оцени дека се немаме помрднато напред ниту еден милиметар во однос на преговарачкиот процес и сите ветувања дека Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ до 2030 година се чиста манипулација со јавноста, бидејќи пред да влеземе треба да исполнеме 35 поглавја поединечно.

Тој и вечерва кажа дека решение за кризата со уставните измени е влез на Бугарите и на останатите етнички заедници во Уставот, но со пролонгирано дејствие на амандманите од Уставот и нивно важење од моментот кога Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ, со цел да се самозаштитиме од други барања и дополнително да добиеме други гаранции.

Loading...

– Никој не сака отворено да каже дека македонскиот јазик и прашањето за јазикот ќе се разговара како претпоследно поглавје што мора да го затвориме како држава апликант за полноправно членство во ЕУ. Тогаш многу е битно да стои македонски јазик, со што бугарската страна согласно ваквата декларација никогаш нема да го прифати, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На овие места во Македонија има и над половина метар снег

Димитриевски рече дека „ЗНАМ“ како политички субјект и по претседателските и по парламентарните избори ќе понудат документ што ќе ги дефинира сите национални прашања првенствено на македонскиот народ, бидејќи, како што нагласи, македонскиот народ е оној што ја создал оваа независна Македонија.

– Ќе побараме по постигнувањето национален консензус кај Македонците ќе побараме поддршка и од останатите етнички заедници, бидејќи мора да имаат разбирање за нас како народ“.

Димитриевски истакна дека неговата претсседателска програма е кратка, јасна и децидна, со конкретни решенија и рокови, за најсуштинските прашања што ја засегаат Македонија во моментот.

На прашањето кои се трите клучни елементи што го прават различен од другите кандидати, Димитриевски потенцира дека има пет принципи и пет конкретни начела што ќе ги реализира во целост од позицијата на иден
претседател.

„Битно за Македонија е првенствено да биде своја на своето. Македонците како што биле Македонци да бидат во континуитет, да влезат во големото европско семејство, бидејќи тоа е наша стратегија и дополнително да издејствуваме да имаме самоодржлива држава што нема да зависи од други. Да се врати правдата и мирот за сите, неказнивоста да се искорени, да се избориме против корупцијата и криминалот во целост, со една нова стратегија што ја нудам, со конкретен рок и секако да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети, за што ќе се заложам како врховен командант и дополнително да си го оспособиме населението да биде воено способно“, појасни Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плато за „street workout“ поставено кај Соколана (ФОТО)

Запрашан дали се залага за враќање на воениот рок, Димитриевски рече дека не е за враќање на воениот рок и дообјасни:

„Ние имаме мала професионална армија, но добро и би било корисно, бидејќи живееме на битна геостратешка точка, да имаме воено оспособена младина. Може да се воведе како некој тип на предвојничка обука, што дополнително ќе се користи за зближување на младите луѓе, особено од различните етнички заедници, а и за други кризни ситуации“.

Loading...