Во завршна фаза е проектот за изградба на кружен тек кај Митевс мост, објави денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Loading...
– Во завршна фаза е проектот за изградба на кружен тек на спојот помеѓу двата најголеми булевари во Куманово, го решаваме деценискиот сообраќаен проблем на овој потег, вели градоначалникот.
Loading...
Како што додава Димитриевски, следува уредување на тротоарите со бекатон, поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, осветлување, како и хортикултурно уредување на околните зелени површини.
Никола Ивановски