Димитриевски во САД: Иницијатива за вклучување на Македонија во споменик на сојузничките сили

Сподели со своите пријатели

Во рамки на приватна посета на Соединетите Американски Држави, остварена на покана на Американска легија во Мидлбург, сојузна држава Вирџинија, Димитриевски ја посети нивната канцеларија и оствари средба со претставници на сојузнички ветерански организации.

За време на посетата, беше реализиран состанок со генералoт во пензија Џејмс Лирмонт, командант на Кралска Британска Легија во Вашингтон, како и со полковникот во пензија Стивен Керни, претседател на Фондација за заедничко сојузничко наследство на ветераните.

На средбата се разговарало за заедничкото историско наследство на Македонија и Куманово со сојузничките сили од Втората светска војна на Балканот, со посебен акцент на придонесот на борците од Народноослободителната борба во борбата против фашизмот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Америка престанува да наплаќа царини на полноќ: Нови мерки веќе се најавени

 

 

Било нагласено дека овој историски придонес заслужува соодветно меѓународно признавање и застапеност во светската историографија.

Во Мидлбург е во подготовка изградба на монументален споменик посветен на коалициските сили од Втората светска војна, при што по одржаните разговори се отвора можност и Македонија да добие свое заслужено место во рамки на овој меморијален комплекс.

На состанокот присуствувал и македонскиот амбасадор во САД, Зоран Попов, кој ќе ги продолжи понатамошните активности и институционалната координација поврзани со оваа иницијатива.

Никола Ивановски