Димитриевски во преговори со градови од Израел за економска соработка (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, оствари работна средба со делегација од Израел, на која беа разгледани можностите за воспоставување партнерска соработка меѓу градовите Еилат, Хаифа и Куманово.

Фокусот на средбата беше ставен на можностите за реализација на заеднички проекти во областа на прехранбената индустрија и агробизнисот, како и на вклучувањето на локалните компании во идни економски иницијативи.

 

 

– Разгледани беа и можностите за размена на искуства и привлекување инвестиции преку институционална и бизнис соработка на локално ниво, информираше градоначалникот Димитриевски.

Како што беше истакнато, од средбата произлегле конкретни идеи и предлози за проекти кои, според оценките на учесниците, би имале значајно влијание врз економскиот развој и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од двете страни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повреден пешак од Куманово откако во него удрило „тико“

 

 

Израелската делегација беше составена од Мајкл Голдштајн и Ејал Ашкенази, а на средбата присуствуваше и почесниот конзул на Израел, Градимир Шумковски.

Во разговорите учествуваа и претставници на локалната самоуправа и институциите, меѓу кои претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска, претставници од Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, како и претставници на локалната бизнис заедница.

 

Никола Ивановски