Димитриевски во посета на Спортската сала каде завршува реконструкцијата на кровот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска изврши увид во завршните градежни активности од реконструкцијата на кровот на Спортската сала.

Loading...

– Ја посетив спортската сала каде е во завршна фаза реконструкција на кровот на објектот, финансирана со средства обезбедени преку Центар за развој на Североисточен плански регион, средства кои следуваат на Општина Куманово за регионален развој со програмата за регионален развој за 2020 година преку Биро за регионален развој во износ од 22.598.198 денари, како и сопствено учество на Општината за демонтажа на постоечки кров во износ од 829.410 денари, вели градоначалникот.

 

 

Стариот бакарен кров е демонтиран, појаснува Димитриевски, кој додава дека бакарот е комисиски евидентиран, означен, измерен и складиран во самата спортска сала со вкупна тежина од 17.349 кг, којшто подоцна со одлука на Советот ќе биде продаден по пат на јавна лицитација според  берзанските цени на бакарот, а истите прибрани средства ќе бидат реинвестирани во реализација на другите фази за реконструкција на објектот.

 

Loading...

 

– Следува постапка за поставување на нов професионален под на теренот според современи ФИБА стандарди, спортска опрема и реквизити за спортска сала, спортска опрема и реквизити за фитнес сала, повеќенаменски семафор за следење на резултат за првенствени натпревари, нови кошеви, голови и друга спортска опрема со 11.764.102 денари, средства обезбедени преку програма за регионален развој, вели Димитриевски.

 

 

Предвидена е реконструкција на трибините во вредност од 9.476.428 денари со програмата за регионален развој 2021 и 2022 година.

 

Loading...

 

Потпишан е договор помеѓу Центар за развој на Североисточен плански регион и Биро за регионален развој на 22.12.2021 година, а се очекува имплементација во 2022 година.

– Дополнително во буџетот на Општина Куманово за 2022 година се обезбедени 6.000.000 денари  за реконструкција на овој спортски објект која ќе се работи во повеќе фази со цел конечно Куманово повторно да ја стави во функција спортската сала. Инвестицискиот циклус во овој наш градски објект продолжува според планот и проектот за реконструкција којшто е изработен од фирмата ГЕИНГ Скопје, а истиот Општината го има платено приближно 2.000.000 денари, појаснува градоначалникот Димитриевски.

 

 

Се планира реконструкција на санитарните јазли, соблекувалните, просторот под трибините, партерно уредување на делот околу салата, како и поставување на систем за греење и ладење.

Никола Ивановски

Loading...