Во Оштина Куманово не се враобтува пон клуч на политички партии, туку по клуч на легитимен конкурс согласно закон, рече денеска градоначалникот Максим Димитриевски на седницата на Советот.
– Можеби не е за верување, но во Куманово е така и таа пракса не се применува и претпсотавувам поради тие факти многупати јас како претставник од политичка партија на власт на централно ниво и доаѓам во несогласување поради кадровската политика. Се постави директор на Гимназијата, самите вработени отидов на состнаок со сите вработени ги замоливме да пополнат анкетни листови да заокружат некој од предлозите легитимно тој што доби најголема поддршка го поставивме за директор, исто и во второто тоа е економското, и таму поставивме на таков начин директор, нивно е правото дали дополнително политички ќе се ангажираат или не, рече Димитриевски.
На раководни структури, како додаде градоначалникот, се две клучни места на претставници од помали етнички заедници кои не доаѓаат од редовите на македонската заедница.
– Имаме претставници и на други заедници и јас моите раководители луѓето со кои работам во ниту еден момент ниту сакам ниту ќе дозволам некој да ги дели по етнички клуч. Верувам дека во сите ентички заедници има претставници на професоналнци за да не мора никој да сврти од политичка партија за да ургира кај градоначалникот или секретарот за да одредена личност добие унапредување и тоа го потврдуваме со пример, рече тој.
Градоначалникот ги пофали раководителите на секторите за даноци и такси, на финансии и урбанизам кои се грижат за буџетот на општината, како тој да се наполни.
– Без ралзика тшо секогаш се прават обиди од политички субјекти да се наметне едно друго или трето кадровско решение, тоа во Оштина Куманвоо не минува, се следи профеисонална кариера, може да не веруваме во ова, но ние тоа го покажуваме на дело. Ене ги луѓето кои се раководители, Емилија Ставридис не била врвен партиски активист, но станала раководител на Сектор за урбанизам, Александар Гелевски не бил никогаш активист денеска е Сектретар на Општина Куманово, Ирена Илиевска е раководител на сектор за финансии никогаш не била активист на СДСМ, појасни тој.
Според Димитриевски се прават обиди да се смени навиката воведена во 98та година од ВМРО-ДПМНЕ, а наследена од СДСМ подоцна, за кариера преку партиска книшка.
Никола Ивановски