Димитриевски: Во изминатите осум години се посветив на сите делови од градот без селекција

Сподели со своите пријатели

„Во изминатите осум години се посветив на сите делови во градот. Опозицијата може да шпекулира колку сака, но она што јас со мојот тим го реализирав во изминатите осум години е тука“, порача претседателот на Движењето ЗНАМ и кандидат за градоначаник, Максим Димитриевски, во вечерашното интервју на Алсат М телевизија.

„Извршивме реконструкција на 16 училишта, изградба на четири нови училишни спортски сали, реконструирана спортската сала во рок од четири години, а претходно ја уништуваа 40 години. Реконструиран е Градскиот парк со најдолга тартан патека во државата, реконструиран е Соколанскиот парк. Последната реконструкција е  на една од најстарите улици во градот каде што живее мешан етнички состав или доминантно албанско население“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов обид за измама со лажна сообраќајка, граѓаните се помалку наседнуваат

Кандидатот за трет градоначалнички мандат на најголемата општина во Македонија истакна дека никогаш и никого не дискриминирал по етничка линија.

„Јас ги почитувам сите мои сограѓани. Тие се за мене сите исти. Прво се Кумановци, а потоа Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, сè останато. Јас едноставно интервенирам и инвестирам секаде.“

Димитриевски најави дека во наредните четири години ќе се посвети на подобрување на хигиената во Куманово, продолжување на реализицијата на инфраструктурни проекти, подобрување на услугите што ги вршат јавните претпријатија. Рече дека еден од главните фокуси ќе биде изградбата на нови градинки.

„Претходната власт ги одби сите наши апликации за изградба на нови градинии иако имаме на располагање три локации за таа намена. Едната е во урбаната заедница Бајрам Шабани, втората е Зелен рид и третата е населба Карпош. Не наидовме на разбирање од претходната власт, но сега го добивме првиот проект и три милиони евра за нова детска градинка со капацитет од 400 деца. Во меѓувреме, работиме со Министерство за образование да се прецизира опфатот на деца за Бајрам Шабани, а во третата фаза се надевам дека ќе наидеме на разбирање и за локацијата во населба Карпош и ќе ја изградиме и таа градинка“, истакна Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бојан Велевски вечерва го отвора „Art Attack“ фестивалот во Куманово

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е градоначалник на Куманово осум години, период за кој реализираше 800 проекти и сите се содржани во неговиот отчет пред граѓаните. Во трката за трет мандат, Димитриевски е поддржан и од партнерите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Владата.

Интегрално соопштение