Димитриевски во Истанбул: Споделуваме искуства во имплементација на проекти финансирани од ЕУ

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во организација на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС заедно со колеги градоначалници од Македонија и градоначалници од регионот присуствуваат на Конференцијата „Енергетска и климатска транзиција и заедничко планирање“ на ГИЗ во Истанбул, Република Турција во рамки на 18-тото Генерално Собрание на НАЛАС.

Loading...

„Конференцијата претставува убава можност за споделување на искуства во имплементација на проекти финансирани од Европската Унија, имплементирање на нови практики и очекувања. Верувам дека ќе размениме позитивни практики и идеи што ќе бидат од голема корист за граѓаните на општина Куманово“, истакнува Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изгаснат пожарот во Длабочица, изгореа 50 хектари бор и даб