Градоначалникот Максим Димитриевски вчера во Европскиот парламент во Брисел, ја прими наградата за Куманово – Европски град на спортот за 2019 година.
Наградата му беше врачена од страна на претседателот на Европската Асоцијација на градови на спорт ASEC – Џиан Франческо Лупатели, во присуство на останатите 30 градови добитници од Европа. Градоначалникот Димитриевски отпатува на свеченоста во Брисел придружуван од олимпијците Аце Русевски и Реџеп Реџеповски и претседателот на КК Куманово Александар Крстевски.