Димитриевски: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

Сподели со своите пријатели

Кумовската тајфа денеска во Куманово го прошета нивниот шеф Венко Филипче – човекот со златна виза од Дубаи и најголемиот распродавач на државните интереси. Филипче, без око да му трепне, во стилот на народната „Крадецот вели – држете го крадецот“ искажа еден куп лаги и инсинуации на сметка на лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник Максим Димитриевски.

Прво, лага е дека пазарот ќе се продава – зборови што ги искажа Филипче додека до него седеа луѓе од СДСМ кои партиски се вработени таму и кои се најодговорни за катастрофалната состојба во која се наоѓа градскиот пазар а денеска еден од нив е носител на нивната листа за советници, други веќе офајдени пензионери а трети среќно вдомени во претпријатието кое влече долгови од периодот кога СДСМ му го одстапи на кадри на ДУИ кападахиски да го управуваат и разграбуваат. Максим Дмитриевски – нема да го продаде пазарот – туку целосно ќе го реконструира и ќе го направи достоинствено место и за продававачите и за купувачите, по пат на јавно-приватно партнерство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лишен 32-годишник кој подолго време демнел девојка од Куманово

Второ, многу ни е драго што Филипче го спомена и Лидл – тоа е огромна странска директна инвестиција со големо влијание во економскиот живот и во Куманово и во Македонија. И, тука се гледа кој е вистински а кој е лажен патриот. Вистинскиот патриот – Максим Димитриевск носи странски инвестиции во Куманово, а лажниот патриот Венко Филипче заедно со неговиот ментор Зоран Заев ги носи украдените пари од времето кога го „дрмаше“ македоското здравство и инвестираат заедно во Дубаи. Впрочем и јавноста имаше можност да види како заедно се забавуваат во еден од најекслузивните светски центри.

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и Максим Димитриевски се автентична политичка сила која за неполни две години покажа дека прераснува во незаобиколен фактор на одлучување за сите важни државни прашања. Ние не ги распродаваме националните и државните интереси, ние не си играме со македонските „црвените линии“‘ во спорот со Бугарија како со гума за џвакање,  ние не го уништуваме македонскиот национален идентитет. Ние сме се и правиме се спротивно од тоа. Тоа го докажавме во претходните години во Куманово и во владата, откако сме дел од неа. И, затоа ќе победиме и во Куманово и во Центар и насекаде каде имаме кандидати за совдетнички листи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетничка од Куманово со тешки повреди пронајдена под железнички мост

А, Венко Филипче нека не се надева на некаков си успех на локалните избори. СДСМ ќе дожпивее катастрофален пораз, по кој тој најверојанто ќе се подготви за итно бегство од државата за да не заврши в затвор.

Интегрално соопштение