Во мое лично име и во името на граѓаните на Општина Куманово, примете длабоко сочуство за загубата на Вашите сограѓани во трагичната сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје –Тетово
Како Градоначалник и како општина, Ви стоиме на располагање за поддршка и помош во моментите кога ви е најпотребно. Ве молам, пренесете искрено сочуство до семејствата на загинатите, а на сите повредени им посакувам побрзо закрепнување.
Во оваа тешка ситуација нема зборови кои ќе ја намалат тагата и болката за изгубените животи, но со нашите мисли Ви посакуваме да најдете олеснување и надеж за да продолжите понатаму, стои во телаграмата која градоначалникот Максим Димитриевски ја упати до неговиот колега Арбен Таравари.

