Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, викендов учествуваше на Форумот за развој на политики „Карпестиот пат на демократизацијата на Балканот“ во Тирана, Албанија на покана и во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Loading...
На овој форум се разговараше за актуелните состојби и за предизвиците со кои се соочува регионот, а учество зедоа регионалниот директор на ИРИ за Европа Пол Мекарти, премиерот на Албанија Еди Рама, високи владини претставници од земјите во регионот, универзитетски професори, политички аналитичари, експерти, истражувачи и претставници на медиумите.