Димитриевски: Табакана нема да биде зграда, туку паркинг бесплатен за локалните жители и парк

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска посочи дека на локацијата Табакана кај булеварот „Октомвриска револуција“, нема да се дозволи изградба на нова зграда, туку бесплатен паркинг за локалното население.

– Иако во минатото некој предвидел во детален урбанистички план да се гради зграда, јас како иден градоначалник на Куманово нема да го дозволам тоа. Сите овие времени објекти ќе бидат дислоцирани, дополнително ќе биде изграден нов паркинг простор којшто ќе биде бесплатен за сите коишто живеат на оваа локација и дополнително детско катче и нови зелени површини за сите вас,“ изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка и скопјанка се тепале во автобус на ЈСП

 

 

Тој додаде дека е време да се стави крај на, како што рече, „урбано градежните групации“ кои сакаат да го урбанизираат секој слободен простор во Куманово.

– Мора да кажеме стоп на урбано градежните групации коишто сакаат да го урбанизираат секој простор во нашиот град со никнување на нови градби, рече Димитриевски.

Тој побара од граѓаните поддршка во вториот круг од изборите.

– Ве повикувам масовно да излезете и да ми дадете поддршка во вториот круг бидејќи Куманово заслужува да продолжи да расте, да се развие, а дојде времето да се средува и централното градско подрачје со осврт на булеварот Октомвриска револуција, негово пробивање, изградба на нов кружен и уште многу други содржини во централно градско подрачје, порача Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се обидел да го избоде својот брат

Никола Ивановски