Димитриевски: Станува збор за монтиран случај

Сподели со своите пријатели

Станува збор за монтиран случај – за кој ќе ги превземам сите правни дејствија, изјави за Телмс, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски по прес конференцијата на министерот Венко Филипче и Ирена Бухова од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Loading...

„Јасно е дека надлежните институции направија многу пропусти, прекршија низа закони, пред се, со објавување лични податоци, во овој случај. Тоа што беше објавено денеска, не е точно и за се имаме соодветна документација. Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба да биде. Ова е, повеќе од јасно, класично монтиран случај за кој ќе ги преземам сите законски дејства. Ќе ги почитувам одлуките на институциите“, изјави Димитриевски.

Тој смета дека нема политичка борба во случајот, туку различни ставови на централниот и локалниот штаб.

Leave a Reply