Димитриевски со поголема доверба кај граѓаните од Апасиев, Пендаровски, Заев, Груевски…

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и актуелен градоначлник на Општина Куманово Максим Димитриевски има се поголем рејтинг кај граѓаните, покажуваат анкетите.

Loading...

Последната спроведена анкета на Институтот за политички истражувања (ИПИС) покажа дека во Димитриевски доверба имаат 4,8 отсто од граѓаните што е повисока доверба и од Димитар Апасиев, претседателот на Левица кој има доверба од 3,3 отсто, Стево Пендаровски кој има 2,5%.

Поголема доверба во Димитриевски граѓаните имаат и од Бранко Црвенковски кому му веруваат 2,3 отсто од граѓаните, но и од Билал Касами(2,2%), Изет Меџити(2,2%), Африм Гаши (1,8%), Арбен Таравари (1,8%), доскорешниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски (1,%), неговиот претходник Зоран Заев (1,7%), но и Никола Груевски (0,9%).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Политичката сцена повеќе не е обоена во две бои

Анкетата на ИПИС покажува и дека третина од граѓаните на Македонија имаат позитивно мислење за составот на новата Влада, каде исто така членуваат и двајца министри од ЗНАМ.

Граѓаните веруваат и дека новата владејачка структура ќе биде подобра од онаа на СДСМ и ДУИ, и тоа дури 55,8 отсто на испитаниците, додека спротивно мислење имаат 11,1 отсто.

Истражувањето е реализирано со користење на случаен примерок кој е стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението.

Од ИМПИС посочуваат дека во него се запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје е земено како посебна целина заради своите посебности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Политичката сцена повеќе не е обоена во две бои

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите.

Loading...

Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС, спроведена телефонски на примерок на 1089 полнолетни испитаници во периодот помеѓу 18 и 21 јуни 2024 година.

Никола Ивановски