Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски информира дека Службите за зимско одржување се на терен и распрскуваат течност против подмрзнување на коловозот во Куманово.
– Екипите на ЈП “Чистота и зеленило” се распоредени во централното градско подрачје, се прска со средство против подмрзнување на фреквентните пешачки зони, вели Димитриевски.