Димитриевски: Што кријат Груевски и Обвинителството за конфликтот во Куманово? (видео)

Сподели со своите пријатели

Денеска истекуваат точно 2 месеца од дводневниот конфликт во Куманово што одзеде 8 животи на полициски специјалци, остави многу луѓе без своите домови, истрауматизира 115.000 кумановчани, истакна во денешната изјава Максим Димитриевски, член на ИО на СДСМ и претседател на комисијата за одбрана.

Loading...

 – И по два месеца нема одговор од најповиканите, Груевски и неговата власт кој, зошто и со каква цел се обиде да ја дестабилизира Македонија? Кој дозволи криминални групи да влезат во срцето на Куманово? Зошто власта не спречила овие групи да влезат во Македонија?

Кого штити Јавното обвинителство и два месеца по инцидентот, молчи за случајот? Зошто никој не понесе командната одговорност во штабот при МВР, формиран за да ја координира операцијата? Митко Чавков заедно со Мијалков е еден од двајцата кои командувале со катастрофално изведената операција.

Дали Чавков за оваа операција е награден со позицијата нов министер за внатрешни работи, наместо да биде повикан на одговорност заедно со останатите во командната структура и со тогашната министерка Гордана Јанкуловска?

Има информации дека и други лица кои наместо да понесат одговорност, се наградени.

МВР мора да каже по кои критериуми ги делеше финаниските награди и дали е точно дека такви награди добиле лица во МВР кои воопшто немале никаква активност во директните борбени дејствија?

Како што преку Вистината за Македонија ги откриваме тешките злоупотреби на власта предводена од Никола Груевски, така СДСМ работи и на откривањето на вистината за Куманово.

Овој случај нема да дозволиме ниту да се заборави, ниту да се забошоти.

Јасно е дека граѓаните ја изгубија довербата во институциите на системот. Затоа апелираме до сите кои имаат информации за овој случај, да `не контактираат.

Ќе направиме `се да биде расветлен грозоморниот инциденет, што според многу индиции имал за цел да ја дефокусира јавноста од актуелната политичка криза во земјава, а заврши со 8 семејства во црно, деца во солзи пред срушени куќи и илјадници “зошто“ чии одговори се кријат, истакна Димитриевски.