Димитриевски: Се тестиравме со семејството, сите тестови се негативни

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово на својот фејсбук профил соопшти дека неговиот и тестовите на неговото семејство се негативни на коронавирусот.

Loading...

Тој направил дополнителни тестови во неколку лаборатории во државата на сопствен трошок и сите биле негативни.

– Сакам да ве информирам и Вас и јавноста дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство. Сите тестови се НЕГАТИВНИ, напиша Димитриевски.

Градоначалникот бара епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравјеКуманово да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под итно да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за него и членовите на неговото семејство и сите негови контакти посочени во епидемиолошка анкета.

– Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата. Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне, пишува Димитриевски.

Никола Ивановски

Leave a Reply