Интензивна истрага и експедитивна разрешница преку фејсбук статус побара кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, во однос на случајот „Рекет“ кој веќе подлг период ја бранува македонската јавност.
– Доволно е со делење на совети и памет, што треба да се направи, ги држите позициите, имате одговорност, работете и исчистете го криминалот во корен без исклучок или повлечете се и оставете простор на професионалците да сработат. Оваа анатема дека “сите сме исти” мора да се демантира пред граѓаните со дела и доказ, бидејќи сме многу различни, пишува Димитриевски.
Како што додава првиот човек на Куманово целата сторија им остави простор на злосторниците да се трансформираат во жртви и борци против криминалот.
– Едноставно одговорност мора да има за сите, посочи Димитриевски.