Кандидатот за градоначалник на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово, Максим Димитриевски вечерва на градскиот плоштад прослави победа во првиот круг.
Во своето обраќање рече дека по преработени 80 отсто од гласовите е во водство, но останатите 20 треба да одлучат дали Куманово ќе има втор круг гласање.
Државната изборна комисија досега обработи 72,46 отсто од гласовите, според кои Димитриевски има освоено 10.372 гласа односно 35,78 отсто од вкупниот број гласови.
Зад него засега е кандидатот на ДУИ Селвер Ајдини со 16,02 отсто или 4.642 гласа, додека трето позициониран е Мартин Костовски кандидатот на СДСМ со 13,09 отсто или 3.979 гласови.
Следува независниот кандидат Горан Стојковски Диро со 12,44 отсто или 3.606 гласови, Арбен Етеми од ВЛЕН со 10,44 проценти, па Мирослав Петковиќ од Левица со 4,88 отсто.
Најслабо рангиран кандидат е единствената жена во оваа друштво, Виолета Арсовска, кандидат на ЛДП и коалицијата, со 0,92 отсто од гласовите, односно само 268 гласови.
Според ваквата математика извесно е дека ќе има втор круг.
Партиските информации велат дека тоа ќе биде борба меѓу Димитриевски и Стојковски, но засега останува тоа да го потврди ДИК по целосно обработување на гласовите.
Евентуалниот втор круг ќе се одржи на 2 ноември.
Никола Ивановски