Димитриевски: Придружете ни се, да се ставиме сите во служба на Македонија и на нашиот народ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово и идејниот творец на граѓанското движење Максим Димитриевски, ги покани поддржувачите, пријателите и граѓаните да се придружат на граѓанската иницијатива и да присуствуваат на настанот по повод Иницијативата за формирање на новиот политички субјект на македонската политичка сцена, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на 9 октомври во 20:00 часот, во Хотел Холидеј Ин во Скопје.

Loading...

Димитриевски информираше дека сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски на средба со претставничката на ООН

„Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ!” повика Димитриевски.