Димитриевски посредувал за печалбарите, разговарано со премиерот и директорката на УЈП

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, остварил директен контакт со печалбарите од Ирак и Авганистан кои неколку дена протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово за да ги слушне нивните проблеми со даночните решенија и да посредува кај државните органи.

Тој истакна дека веднаш бил контактиран од лица кои се претставуваат како иницијативен одбор и дека на нивна побарувачка организирал средби со надлежните институции.

– Беше побарано од мене да остварам контакт со претставници од централни власти или во конкретниот случај со директорката за Управа за јавни приходи при што побарав таква средба, исто така и со премиерот направивме таква средба – појасни градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој ја нападнал својата сопруга

Димитриевски нагласи дека Управа за јавни приходи ќе организира стручни тимови за легитимација на даночните обврзници, а граѓаните ќе можат да ги достават потребните документи за да се избегне двојно оданочување.

За оние кои немаат документи, предлогот е државата да се обрати до матичните држави и компании каде работеле овие лица со цел прибирање на доказите.

– Во меѓувреме бидејќи граѓаните имаат право да протестираат се организираат и тоа е право коешто произлегува од Уставот, беше побарано од мене да се организира состанок со директорката за јавни приходи во Куманово со поголем број на лица коишто се директно засегнати, стапи во контакт со истата, истата прифати состанок, им дадов директна комуникација и тука моето како посредник од целата операција завршува, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Печалбарите утре продолжуваат со протестите пред УЈП Куманово

Тој додаде дека како градоначалник ќе продолжи да ја штити интересот на граѓаните, но сите постапки мора да бидат согласно закон.

Инаку, печалбарите најавија нов протест за утре во период од 14 до 16 часот.

Никола Ивановски