Димитриевски: Порачувам да излезат на избори, да добијат поддршка од граѓаните, а потоа да прифатат обврска да носат високи државни функции

Сподели со своите пријатели

Ви испраќаме став од градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во врска со изјавата на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи за најавите за формирање политичко движење од страна на граѓанското здружение „За наше Куманово“.

Loading...

„Сакам да истакнам дека доаѓаат одредени обвинувања од поединци коишто во суштина не прават разлика помеѓу поимите национализам, шовинизам и патриотизам. Сакам да испратам порака до истите, бидејќи се наоѓаат на високи државни функции ги разбирам за соодветното непознавање на поимите, но воедно им порачувам првенствено да излезат на избори, да добијат поддршка од граѓаните, а потоа да прифаќаат обврска да носат високи државни функции и да внимаваат како етикетираат поединци во општеството коишто добиле поддршка од граѓаните, особено во мултиетнички средини.

Жалам за ваквите погрешни изјави и секако верувам дека во иднина ќе се коригираат. Според мене, недозволиво е да се обвинува градоначалник на една мултикултурна општина којшто добил поддршка од мнозинството граѓани и притоа истите припаѓаат на различни етнички заедници, иницијатива којашто е формирана како граѓанско движење во Куманово којашто ја потпишале граѓани од различен етнички карактер и да се импутира дека истите се националисти. Национализмот е само дел од формата на патриотизмот. Сметам дека по завршување на следните парламентарни избори, доколку истите од позиција на опозиција останат во политичките субјекти кадешто се во моментот носители на високи политички функции можеби тогаш ќе ги разберат пораките коишто ги испраќа. На Македонија и е потребно единство, национално, мултикултурно единство, за надминување на сите понатамошни предизвици коишто не очекуваат“, посочува Димитриевски.