Димитриевски положи цвеќе на споменикот на Тито во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска положи веќе пред спомен обележјето на поранешниот претседател на СФР Југославија, Јосип Броз Тито по повод 25 Мај, некогашниот Ден на младоста.

Loading...

 

 

Настанот е во организација на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово.

На настанот присуствуваа повеќе почитувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито.

 

Loading...

 

Инаку, Денот на младоста бил празник во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), кој се славел на 25 мај, и тоа од 1945 до 1988 година.

 

 

Овој празник бил поврзан со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892–1980), а во првите години бил одбележуван само како негов роденден, додека во 1957 година, по негова иницијатива, станал Ден на младоста.

 

Loading...

 

Главниот симбол на овој празник била Штафетата на младоста, која се носела околу месец и половина низ целата територија на Југославија и му била предадена на Тито на 25 мај на величествен митинг, што бил организиран на стадионот на ЈНА во Белград.

 

 

Во меѓувреме прочитајте: На денешен ден пред 59 години кумановци биле гости на роденденот на Тито

Никола Ивановски

Leave a Reply