Димитриевски подари новогодишни пакетчиња во двата дневни центри за лица со попреченост

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во пресрет на празниците ги посети двата дневни центри за лица со попреченост до 18 и над 18 години „Порака наша“ и центарот под надлежност на МТСП, во близина на порашната фабрика „ЧИК“ и подели новогодишни пакетчиња.

Ова е традиционална посета на која одговорните во двата дневни центри и локалата власт разменуваат идеи за наредната година и ги сумираат резултатите од оваа година. Подарувајќи им ги пакетчињата Димитриевски, заедно со претседателката на Советот, Атина Мургашанска им посака здравје и среќа во Новата година.

– Конечно мора да се изнајде долгорочно решение за сите овие сограѓани коишто ги имаме во нашата општина, а за жал не се вклучени во проектните активности на дневните центри имаме мали капацитети не можеме да ги опфатиме сите сограѓани. Ја користам оваа прилика да апелирам до централната власт и до ресорното Министерство да се вклучи конкрено со поголема финансиска поддршка на самите проекти како би можеле во иднина во општина Куманово да ги прошириме капацитетите, изјави Димитриевски.

Тој информираше дека неделава претстојат повеќе културни манифестации во пресрет на празниците. Во петок во 12 часот е предвидено Дедо Мраз да ги забавува најмалите на Градскиот плоштад, а во вечерните часови ќе се одржи концерт на кој ќе настапат три локални рок бендови. Забавата на плоштад ќе продолжи и наредниот ден, односно на 30-ти декември во сабота.

Извор: МИА